"КИНГ ТРЕЈД КО е и една од водечките компании во земјоделското производство. Лоцирани сме во источниот дел на Македонија, кој овозможува добри услови за одгледување на земјоделски производи.
Главно сме ориентирани кон производство на познатите сорти на Кочанскиот ориз. Годишно произведуваме по околу 500 тони ориз. Нашиот висококвалитетен кочански ориз го пласираме во многу европски земји, како: Полска, Бугарија, Холандија, Хрватска, Албанија, Чешка, Србија, Босна ...
Нашиот овоштарник кој се наоѓа во чистата природа на територијата на Источна Македонија нуди модри сливи од најразлични сорти: грчка слива – конзумна , која се одликува со месната внатрешност и мала семка, позната по својата сочност и незаменлив вкус во фамилијата на овошјето и слива – индустриска, совршена за сушење, за подготовка на разни мармалади, слатка како и алкохолни пијалоци.
Како резултат на долгогодишното работење, Компанијата Кинг Трејд КО ја прошири дејноста и во областа на сточарството. Во нашата свињарска фарма нудиме големопродажба на вискосортни свињи во секој период од годината.