Паркети, ламинат, додатоци

"Кинг Трејд КО" е една од најстарите компании за изведување на внатрешен ентериер посебно работи од областа на подни облоги. Наша основна дејност е големопродажба и монтажа на сите видови подни облоги.
Имаме професионален кадар кој професионално, стручно и одговорно ќе одговори на сите Ваши барања. Нудиме изведување на внатрешно ентериерски услуги од областа на паркет и паркетни услуги.
Доколку сакате подот во Вашиот дом да биде квалитетен, издржлив, модерен и функционален доверете го неговото поставување во рацете на нашиот тим. Масивен буков , масивен дабов паркет како и најновата генерација на повеќеслојни паркети се само дел од нашиот широк асортиман на производи кои ќе го разубават Вашиот дом.

Лајсни

Масивни паркети

Трослоен паркет

Прочитајте повеќе

Каталог

Масивен буков паркет

Буковиот паркет прва класа се карактеризира со воедначена текстура на дрвото, со видливи годови со воедначена боја. Во однос на тврдоста буковиот паркет е многу сличен до храстовиот паркет, со тоа што буковото дрво  е многу пораспострането во природата па и затоа му е цената пониска во однос на храстовиот паркет. Влажноста на буковиот паркет потребмо е да биде од 8 - 10%.

Бетонската кошулица треба да биде до 2% влажност и кога се поставува паркетот во зависност од лепакот и температурата на воздухот потребно е да одстои од 7 до 14 дена, па потоа да се обработува со стругање.

Рустикот буков паркет може да има дисколоризација, нагласено шаренило и чворови од 3-5mm (многу ретко).
КласаI - екстра, II - натур, III - рустика
Дебелина18 / 20 / 21 22mm
Должина250 / 300 / 350 / 400 / 450 / 500mm
Ширина30 / 40 / 42 / 50 / 60 / 70mm
Влажност8-10%

Даб